Претседателот на српскиот Парламент, Ивица Дачиќ изјави дека Србија нема да дозволи БиХ да ја признае независноста на Косово.
– Нема да дозволиме никому да ја оспорува Република Српска, да бара нејзино укинување или да бара БиХ да ја признае независноста на Косово. Досега не сме толерирале и нема да го направиме ниту во иднина, истакна Дачиќ во интервју за СРНА.
Претходно, српската Влада и се закани на Босна и Херцеговина со распаѓање, доколку ја признае независноста на Косово. Министерот за одбрана Александар Вулин ги предупреди босанските власти дека ќе ја поддржи независноста на Република Српска ако тие ја поддржат косовската.
Со години босанските и хрватските претставници на Претседателството лобираат за независност на Косово, но секогаш беа блокирани од српските членови.