Министерот за надворешни работи на Србија изјави дека УНМИК нема да се повлечеод Косово и смета дека Косово нема да биде членка на Интерпол.
Според него, формирањето на армија на Косово во понатамошна фаза ќе наиде на несогласување на западните држави и НАТО. Тој вели дека САД нема да јапроменат својата одлука за признавање на Косово, но дека го промениле ставот за дијалогот Белград-Приштина и дека за Србија најважна работа е да се отворат вратите за дијалог.
Смета дека формирањето на армија на Косово ќе наидена несогласување на западните држави и НАТО бидејќи тоа ќе значи и промена на конфигураицјата на присуство на КФОР што е рпедвидено со Рерзолуцијата 1244.
– Тие немаат право според Резолуцијата 1244.Кога станува збор за УНМИК може САД да пишуваат колку сакаат – немапромена на Резолуцијата без согласност на СБ на ОН. Тоа нема да се случи бидејќи нема согласност во СБ. Нема УНМИК да замине одКосово. Тоа е можно само ако Русија и Кина поддржат, а тоа е научна фантастика изјави Дачиќ.