Иако во српските медиуми Преспанскиот договор беше меѓу топ темите, сепак од официјален Белград имаше само молк.
На вчерашна прес-конференција шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, сепак, на новинарско прашање се осврна и на договорот и објасни зошто не им честитал на Скопје и на Атина, иако рече дека неговата земја поддржува договори, но оти нема причина да им честита на двете страни.
-Доворот меѓу Атина и Скопје е билатерално прашање и нема потреба за вмешување од Србија затоа што не е повикана страна. Не честитавме зашто нема ништо што да се честита – рече Дачиќ.
Тој додаде дека гледаат позитивно на секој договор со кој на мирен начин се решаваат прашањата.
-Им посакуваме успех на Скопје и на Атина без да кажеме кој како кого ќе го нарекува и сакаме овој договор да придонесе за стабилноста во регионот“, додаде српскиот министер.