Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Даглас Коста по нерешениот натпреварот од 22. коло од шампионатот на Италија против Парма (3:3) забележа дека неговиот тим секогаш оди на победа.
Тој додаде дека дури и во најтешките моменти, сите се трудат да дојдат до позитивен резултат и да избегнат пораз.
-Ние не сме навикнати да губиме. Секогаш ја имаме истата желба, да победиме. Дури и кога тоа е тешка мисија за нас, изјави Коста.
Јувентус по 22. кола е лидер во Серија А со 60 бода, девет повеќе од второпласираниот Наполи.