Во Србија и во Грција има голем број на заболени од коронавирус. Новата варијанта се вика Флирт. Станува збор за две подваријанти на коронавирусот, а во моментов Флирт е најдоминантна форма на вирусот.
Порастот на бројот на заразени со новата подваријанта е забележан и во САД, Велика Британија, Холандија, и во други европски земји.
И покрај големите горештини, новата варијанта зема замав во Холандија.
Српските медиуми јавуваат дека расте бројот на заразени во Грција, каде што покрај потврдени случаи, има и смртни случаи. Во оваа земја одмор поминуваат голем број на Срби, но и Македонци.
Засега не е познато дали новата варијанта ја има и во Македонија, а според докторот Бојан Трајковски, во последно време има измешана клиничка слика карактеристична за ковид.
„Периодов гледаме измешана клиничка слика карактеристична за ковид, стомачни вируси и други респираторни вируси така да нека не ве чуди високата температура, силно изразен синузит, дијареа, сериозна омалаксаност и доста интензивна сува која потоа прогредира во влажна кашлица која знае да трае со недели!
Неретко сите овие симптоми и кај едно лице ги гледаме.
Советите како и лани се истите: одмор, мирување, антипиретици, течности, соодветна симптоматска терапија и секако антибиотици ако клиничката слика го бара тоа!“, напиша Трајковски на „Фејсбук“.
Меѓу главните симптоми на новата варијанта се:
зголемена телесна температура
кашлица
болка го зглобовите и мускулите
затнат нос
главобокла
малаксаност
Исто така се наведува дека температурата може да трае 3-4 дена, но исто така може да се има и само еден ден.