Почнува политичката неизвесност во Грција за она што се очекува утре да го договорат премиерите на Грција и на Македонија, Алексис Ципрас и Зоран Заев.
Од Атина се вели дека денешниот телефонски разговор бил во 15 часот, траел еден час и бил во добра клима. Владин извор во Атина наведува дека утре изутрина двајцата премиери ќе имаат уште еден телефонски разговор кога треба да го финализираат договорот.
И додека се одвива оваа линија на преговори, лидерот на АНЕЛ, Панос Каменос, инаку коалициски партнер на Сириза во Владата, за утре сабајле по телефонскиот разговор најави вонредна прес-конференција.
Интересно, посочуваат медиумите, таа нема да се одржи во Владата туку во партиското седиште на АНЕЛ, што значи тој може да зборува како партиски лидер.
Најавено е дека пресот ќе се однесува на телфонскио разговор Ципрас-Заев.