Битката да се спаси Обединетото Кралство е во тек, нагласуваат унионистите од Северна Ирска, пренесува британски Експрес. Северна Ирска (СИ), како што пишува весникот, е во центарот на „разгорената“ битка која може да заврши со крах на британската унија.
Сепак, политичарите не сакаат да зборуваат за можноста луѓето да гласаат за обединета Ирска. Според поранешниот прв министер за СИ, Питер Робинсон „битката за унија е во тек“.
Тој сликовито вели дека тие што не сакаат да зборуваат за можноста за референдум се „хлороформирани“. Тој истакнува оти им се советува да не зборуваат за прашањето за границата, па дури ниту за спроведување гласање за тоа прашање.
-Тие не сакаат да разберат дека битката се разгорува. Живееме во општество со поделен идентитет, така што унијата секогаш е под оган, истакнува Робинсон.
Според него неизвесен би бил резултатот од еден таков референдум, но, сепак, нагласува тој, треба да се подготвуваме за такво нешто. Робинсобн вели дека „тој не очекува дека во пожар ќе изгори неговата куќа, но сепак редовно ја осигурува“.
Договорот од Белфаст, или познат како Договорот од Велики Петок, предвидува Северна Ирска да спроведе гласање за границата доколку мнозинството во Северна Ирска тоа го бараат со цел да се отцепат од Обединетото Кралство и да станат дел од обединета Ирска.
Ова прашање останува отворено, особено што сите очекуваат в година тежок Брегзит, односно развод со Европската унија. Не се исклучиува дури и можноста тоа да се случи и без договор.