Актерката Гвинет Палтроу предложи неколку „скромни” подароци за да ги израдувате вашите најблиски.
Во списокот на нејзините идеи има некои секојдневни работи, како што се книги и накит, но и некои идеи кои се потполно неразбирливи за обичниот свет.
На нејзината листа, која ја нарече „луда, но одлична”, има идеи како купување на Hermes-даска за сурфање која чини 7.700 долари, патување на Монт Еверест или дури и купување на јахта.
Натаму, Гвинет предлага да купите пижами од Луј Витон, сет чорапи кои чинат 260 фунти, брич од 50 фунти, обетки од 22.000 долари…
И нешто што секоја дама би го посаката, вицкастата Гвинет предложи купување на познатата торба на Биркин која чини околу 15.000 долари.