Сирискиот претседател Башар ал Асад даде овластување ирачките сили да изведуваат напади врз екстремистите на Исламска држава на територијатана Сирија без да чекаат дозвола од властите во Дамаск, јави денеска сириската државна агенција.
Ирачките сили и досега ги напаѓаа позициите на ИД во Сирија по добивање зелено светло од Дамаска.
Денешната објава укажува на блиските односи на двете соседни арапски земји, наведува Асошиејтед прес.
ИД контролираше голем дел од ирак и Сирија кога во летото 2014-та прогласи калифат на таа територија.
Екстремистите во меѓувреме се поразени во Ирак, а во Сирија контролираат само една мала област. Асад вчера примил писмо од ирачкиот премиер Адил Абдул Махди во кое тој го повикува на координираност меѓу двете земји во борбата против тероризмот, пренесува Бета.
Претседателот на САД, Доналд Трамп неодамна ја објави одлуката за повлекување на сите 2.000 американски војници од Сирија.