Дански иноватори основачи на старт-ап под наслов Organic Basics, птретставија долна облека што може да се носи со недели без перење.

Необичната иновација наиде на осуда во јавноста. Но, во Organic Basis велат дека нивниот изум може да биде корисен за многумина, а најмногу за оние кои не сакаат да трошат многу вода за перење алишта.

– Нашата долна облека може да ја носите со недели. Со тоа штедите пари и време, вели Мадс Фибигер, директор на таа компанија.

Тајната на тој производ е во – среброто.

Данците направиле долна облека од полиамидни влакна пресвлечени со сребро и органски памук кои наводно, заедно убиваат бактерии од 99,9 отсто. Линијата на тој вид облека е достапна секаде, освен во Русија. Два пара машки „боксерки“ чинат 64 долари. За жени – 56 долари. Веќе продале 200.000 парчиња таква облека.