Може ли претседателката на Судски совет Весна Дамева да свика седница со точка на дневен ред и да се постави прашање за нејзино разрешување? На ова професорката Ана Павловска Данева во вчерашната „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека правнички гледано, таа сè уште е актуелна претседателка на Судскиот совет.
Ние никаде не видовме одлука за нејзино разрешување. Слушнавме дека министерот за правда го барал записникот, записник веројатно постои меѓутоа дали постои одлука и дали е таа одлука потпишана од неа, како легитимен претседател и преседавач на совет. Ако не постои одлука, значи исто како да не се случил овој скандал, вели Павловска Данева.