Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона официјално објави дека Бразилецот Дани Алвес се врати во каталонскиот клуб со кој во минатото освои 23 трофеи.
Како што е соопштено, 38-годишниот Алвес ќе се приклучи на тренинзите идната недела, а право на настап ќе има од јануари идната година.
Барселона и Алвес потпишаа договор до крајот на актуелната сезона.
По бразилска Бахија и Севиља, Алвес мина во редовите на Барселона и го носеше дресот на каталонскиот клуб од 2008 до 2016 година, освојувајќи, меѓу другото, шест шпански титули и три трофеи во Лигата на шампиони.
Откако замина од Барселона настапуваше за Јувентус, ПСЖ и Сао Паоло, со кој во септември го раскина договорот.