Како последица на обилните врнежи, повеќе од 2.000 луѓе ги загубија животите, а 7.000 исчезнаа, објави денеска министерот за внатрешни работи на владата на истокот на Либија, Абу Зерибе.
Осама Хамад, премиерот на една од двете ривалски влади во Либија, денеска изјави дека се стравува дека речиси 2.000 луѓе загинале во поплавите на истокот на земјата.
Disaster unfolding in Libya 🇱🇾
on the back of Storm Daniel (linked to the system which recently flooded Greece). This footage is from Derna on the north coast of Libya.More than 2,000 people in Libya are feared dead. Details are still emerging.pic.twitter.com/ukbPKFgGS5
— Scott Duncan (@ScottDuncanWX) September 11, 2023
Пред тоа, претставници на владата што го контролира источниот дел на Либија изнесоа информации за 27 загинати, но нагласија дека нема извештај од градот Дерна, во кој е прогласена вонредна состојба.
Сепак, во изјава за телевизијата Ал-Масар, Осама Хамад посочи дека бројката од 2.000 луѓе првенствено се однесува на Дерна, каде се прекинати сите сообраќајни врски и каде што нема струја и комуникациски врски.
Хамад рече дека поплавите во Дерна однеле цели населби.
Поплавите се резултат на моќната медитеранска бура Даниел, која сега се движи кон Египет.