Данска се очекува да инвестира 40 милијарди дански круни (5,47 милијарди долари) во нови воени бродови, бидејќи членката на НАТО се обидува да ја зајакне својата поморска безбедност по руската инвазија на Украина, соопшти денеска данското Министерство за одбрана.
– Како дел од инвестициите што треба да се направат во следните 20-25 години, започна партнерство со индустријата за поморска безбедност во земјата за развој и изградба на нови воени бродови во Данска, рече данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков.
– Со рускиот напад во Украина и новата безбедносна ситуација во Европа, поважно е од кога било Данска да може да се одбрани, додаде тој.
Данска вети дека постепено ќе ги зголемува трошоците за одбрана на 2 процентни поени од нејзиниот БДП до 2033 година.