Парламентот на Данска во понеделникот изгласа да се подигне гранична ограда со Германија во должина од 70 километри и висока 1,5 метри. Но, не станува збор за спречување нелегална миграција.
Целта на оградата е да се спречи дивите свињи да го шират вирусот на свинска чума во Данска, иако еколошките организации изразија колебање од ефикасноста на таквата мерка и притоа повикаа дека во опасност ќе биде доведен локалнот животински свет.
Подигањето бариера бешее една од предложените мерки на Министерствотото за храна и екологија со цел да се спречи вирусот на африканска свинска чума да се прошири во Данска, земја со голема свинска популација.
Мнозинството кое го сочинува данската Народна партија како што и се очекуваше го поддржа владиниот предлог.
Европската комисија претходно рече дека треба целосно да се истражат ефектите на еко системот со подигањето ограда.
Министерот за екологија Јаков Елеман-Јенсен уверува дека сите меѓународни правила ќе бидат испочитувани.
Од невладината ВВФ предупредуваат дека како и да било подигањето жица секако дека ќе спречи движење на животни меѓу Германија и Данска. Од организацијата додаваат дека ограда нема целосно да спречи движење на дивите свињи, зашто тие се одлични пливачи и во Данска можат да влезат по вода, а како пример го посочија фјордот во Фленсбург.
Африканскиот свински вирус предизвикува хеморагична треска со голема смртност кај свињите. Во 2014 година случаи на заразени свињи беа регистрирани во Литванија и во Полска, додека во моментов во Данска нема регистрирано ниту еден случај.
За изградба на оградата се предвидени 11 милиони евра.
Свинското месо е многу важен извозен продукт на Данска каде се вртат и многу пари – во 2016 година извозот бил вреден 14 милијарди евра.