Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт може да се пофали со уште едно фудбалско достигнување.
Тој стана шампион во Серија „4“ на Данска, која е деветта дивизија во локалната фудбалска пирамида. 36-годишниот играч од средниот ред триумфира со вториот тим на Есбјерг.
– Горд сум на тимот. Есбјерг и јас станавме шампиони во Серија „4“. Старееме, но победуваме, напишаа поранешниот асна Реал Мадрид и Хамбургер на својот профил на Инстаграм.
Во последниве години, Ван дер Варт игра во Данска за да биде поблиску до својата девојка Ествана Полман, која во моментов е дел од женската ракометна селекција на Есјберг. Со репрезентацијата на Холандија таа е светски и европски вице-шампион.
Рафаел ван дер Варт е светски вице-шампион во 2010 година и исто така има бронзен медал на ЕП во 2004 година.