Министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере утре ќе престојува во работна посета на Македонија. Посетата е во пресрет на претседавањето на Данска со Советот на ЕУ.
Бјере ќе се сретне со македонскиот колега, министерот за европски прашања Орхан Муртезани по што е најавена и заедничка прес-конференција. Како што информира Кабинетот на Муртезани, разговорите помеѓу двете делегации ќе бидат фокусирани на европската интеграција на Северна Македонија, на билатералните односи, реформските приоритети и актуелните регионални и геополитички предизвици.
По посетата на Министерството за европски прашања, Бјере ќе замине во македонското Собрание на средба со претставници од Комисијата европски прашања.