Данскиот парламент одби да ја признае Палестина

/ 28.05.2024

Данскиот парламент го отфрли предлогот за признавање на палестинската држава и го поддржува ставот на владата дека условите за тоа не се исполнети.

Данскиот парламент го отфрли предлогот за признавање на палестинската држава и го поддржува ставот на владата дека условите за тоа не се исполнети, иако одлуката за признавање денеска ја донесоа Шпанија, Ирска и Норвешка. Израел, сѐ повеќе изолиран по повеќе од седум месеци конфликт со палестинските милитанти од Хамас, кој владее со Газа, жестоко реагираше на европските потези за признавање на Палестина.

Во Данска предлогот го претставија четири левичарски партии.

Пратеникот Саша Факс рече дека нејзината Алтернативна партија верува дека признавањето на палестинската држава е единствениот начин да се постигне траен мир на Блискиот Исток.

„Огромното мнозинство дански политичари се согласуваат дека нема да има траен мир на Блискиот Исток без решение со две држави“, рече таа во парламентот, алудирајќи на признавањето на Палестина заедно со Израел, додавајќи дека таа верува дека признавањето е начин да им се овозможат правата на обичните Палестинци.

Министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен претходно изјави дека данската влада не може да признае палестинска држава бидејќи нема единствена функционална власт или контрола врз сопствената територија. Расмусен не учествуваше на денешната дебата, но рече дека се надева дека Данска еден ден ќе може да ја поддржи палестинската држава.


Од истата категорија