Ако сте меѓу оние кои планираат следната година да стапнат на „лудиот камен“ ѕвездите велат дека најдобро е судбоносното „да“ да го кажете на зима.
Британскиот астролог Керолин Фолкнер откила за Дејли Мејлс, дека од астролошко-нумеролошките гледишта, најповолен датум за свадба ќе биде 20. февруари 2020 година.
Бројот 2 во нумерологијата симболизира одлучност и сила, додека во астрологијата владее со него љубовната планета Венера.
„Овој датум наговестува емоционална стабилност, зајакната поврзаност и одговорност кон договорот, а тоа е и ден кога Сатурн, Јупитер , Плутон, Марс и Месечината ќе бидат во знакот на Водолијата“, објаснила Керолин Фолкнер.
Таа додала дека таква комбинација последен пат се случила пред 60 години.
„Паровите кои одлучуваат да се венчаат на овој датум имаат повеќе шанси од останатите со леснотија да ги пребродат сите препреки на кои ќе наидат за време на заедничкиот живот и да имаат среќен брак“, рекла таа.