Почитувани,
Во врска со објавата дека „по добиен лабораориски наод од факултетот за ветеринарна медицина на Македонија, со лабораториски резултат број 2025/2/113 за пратка природна изворска вода Ругове од 1,5 л во количина од 22,338 кг по потекло од УЈ Ругове Косово наменета за оператор со храна АД Даути комерц Скопје е утврдено присуство на колиформни бактерии што не е во согласност со Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода (Служ.весник бр. 184/2018 ). Лабораторискиот наод е извршен со акредитиран метод ISO/IEC/17025:2018 под број 2025/2/113.Производител УЈ Ругове, Косово.„
-Ве известуваме за следново:
Веднаш по ваквата анализа компанијата Даути Комерц поднел барање до АХВ на 24.02.2025 година да се започне втора анализа и за која микробиолошките резултати добиени на 27.02.2025, од страна на акредитирана лабораторија Фуд Лаб лабораторија за испитување на храна и дијагностика на болести кај животни, врз основа на која е издаден Извештај бр. 038525 од 27.02.2025 година, според кој е анлизирана природна вода Ругове од 1.5 литри , лот LA023/25, со рок на траење до 29.01.2026 година .
Во наведениов извештај наодот е дека испитуваниот примерок ги задоволува критериумите за бараните параметри согласно Правилник за посебните барања за безбедност на природнаминерална вода, изворска и друга пакувана вода(служ.весник бр. 184/2028 година)
Ова го потенцираме особено заради фактот што во ваков случај треба да се направат три испитувања за да се види дали водата е со квалитет во согласнот со Правилник за посебните барања за безбедност на природнаминерална вода, изворска и друга пакувана вода (Служ.весник бр. 184/2028 година).
Врз основа на сето горенведено бараме ваквата информација да ја објавите со цел навремено и непристрасно информирање на јавноста и спречување на можност за ширење на дезинвормации и полувистини околу исправноста на предметната вода а сето тоа во насока на тоа да не се предизвика непотребна штета на брендот УЈ Ругове која е во масовна употреба на пазарот во РМ.
Даути Комерц