„Овие нашиве Итарпејовци особено од Судскиот совет и Обвинителскиот совет, јас поголеми шегаџии не сум сретнал во нашиве институции. Целиот Судски совет, самата работа последниве на пример едно 6-7 месеци, они немаат никаков интегритет“, истакна Борче Давитковски при гостување во емисијата „24 анализа“.
Давитковски додаде дека жално е што две вакви институции не функционираат.
„Се случува ерозија на правниот систем. Ова е комплетна ерозија. Очигледно институциите не функционираат“, нагласи тој.
Тој посочи дека целокупната администрација е под политичката власт.
„Целокупната администрација е во функција на политичката власт, на владата. Администрацијата не е во функција на
правата на граѓаните“, укажа Давитковски.
Професорот посочи дека реформите кои што ги налага ЕУ не се прават само за зачленување туку за самата држава, за граѓаните.
Околу случајот со градоначалникот Мерко тој нагласи дека во Македонија не може политички да се разреши, освен со пресуда.