Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Брујн изрази задоволство од начинот на кој неговиот тим ги освои бодовите на дербито со Челзи (3:1) вчеравечер во 17. коло од Премиер лигата.
– Мислам дека по 5-10 минути игра го најдовме нашиот ритам. Ја искористивме шансата во вистински момент и покажавме самоувереност 90 минути. Штета што примивме гол во судиското надополнување. Имаме и нови играчи, затоа играме поинаку оваа година. Екипата добива форма, ние играме подобро во последниот месец. Важно е дека Сити победи на голем натпревар. Имавме неколку добри игри оваа година, но не добивме ниту една од нив. Со Челзи покажавме дека можеме да победиме на големи натпревари. Сè уште се бориме силно и се доближувам до врвот, истакна Де Брујн.
За време на годините кога станавме шампиони, Манчестер сити победуваше на дерби натпреварите. Работите се малку поинакви оваа година затоа што сите губат поени. Имавме лош почеток, но постепено се враќаме, додаде Де Брујн.
Од 15 натпревари „граѓаните“ имаат 29 натпревари и се наоѓаат на 5. место.