Противникот на македонската фудбалска репрезентација во групата на претстојното Европско првенство, селекцијата на Холандија вчеравечер одигра нерешено 2:2 на домашен терен со Шкотска. Селекторот на „лалињата“ очекува подобрување на формата на неговите избраници до почетокот на Еуро 2020.

– Трениравме во формација 5-3-2 само еднаш, па не можевме да помислиме дека веднаш ќе ги достигнеме височините. Но, јасно е дека ситуацијата треба да се подобри. Сепак, сè уште сум убеден дека можеме да играме многу подобро користејќи ја оваа или која било друга шема. Мислам дека понекогаш бевме премногу статични. Во неколку наврати Де Лихт имаше премалку опции за додавање. Ова е она на што мора да работиме, изјави Де Бур.

Холандската репрезентација на Евро 2020 во Ц-групата ќе игра уште со Украина и Австрија.