Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, изјави дека неговите фудбалери треба да бидат среќни што играат и живеат во Неапол.
Според контроверзниот Де Лаурентис југот на Италија е далеку поубаво место за живеење на пример од Англија.
–Дали можете да замислите секој ден да се будите во Ливерпул? Во тој град постои само куќата на „Битлси“…Во Париз можат да се видат многу работи, но климата не е како во Неапол. Мора да си луд ако не си среќен во Неапол. Го имам најдобриот поглед во Рим, но секогаш би го менувал за куќа во Наполи – истакна Де Лаурентис во интервју за француски „Паризиен“.
Според него играчите на Наполи имаат обврска само да тренираат, а потоа имаат цел ден на располагање за уживање. Де Лаурентис во шега истакнува дека „фудбалерите ги плаќаат за да се забавуваат во идеални услови“.