Централниот регистар на Република Македонија по распишаниот оглас за набавка на единаесет моторни возила како најповолна ја избра понудата на кумановската компанија, во јавноста позната како фирма донатор на СДСМ, Делукс Ауто.
По спроведената тендерска постапка Централен регистар склучи договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Делукс-ауто“ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово.
Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 8.345.014 денари, а главен критериум за доделување на договорот е најниската цена.