Во денешното гостување во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21, Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ вели „иако сме обвинувани со години наназад дека има превработеност, јас можам да кажам дека во администрацијата фалат вработени“.
-Зависи кој како гледа на работите, мислам до сега она што го читаме по медиумите, по социјалните мрежи. Граѓаните знаат кои ни се барањата, и од друга страна нас ни дава потик и оние соопштенија на Владата и министерствата кои самите како што кажав и претходно велат дека платите се ниски. Иако сме обвинувани со години наназад дека има превработеност, јас можам да кажам дека во администрацијата фалат вработени, вели претседателот Деаноски во Дејли Клик.
Фото: Архива