Во дебарското село Тараник завчера била пронајдена експлозивна направа-граната од Втора светска војна.
Како што соопшти МВР, С.М. (33) од Дебар на 26. месецов пријавил дека при изведување градежни работи во нива, негова сопственост, лоцирана во селото Тараник, пронајдена е граната од Втора светска војна.
Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување се преземени безбедносни мерки за подигање на гранатата.