Ново истражување на британски научници може да разјасни поради што дебелите луѓе се подложни на развој на карциноми, а се чини дека проблемот е во имуно-станиците на кои кај нив се таложи маснотија.

Поради вишок маснотии имунолошкиот систем кај дебелите луѓе откажува порaди акумулирани липиди на т.н. „природно убиствени клетки“ (Natiral killers/Natural killer cells) и истовремено спречува нивни метаболизам како и понатамошен пренос, нагласуваат научници од даблинскиот Тринити колеџ.

Повеќе од 1,9 милијарда луѓе во  светот се дебели или имаат вишок килограми, а бројни досегашни истражувања покажаа дека многу типови рак се почести кај дебелите луѓе. Според податоци од 2012 година, во САД околу 28.000 нови случаи на рак меѓу мажи и околу 72.000 меѓу жени биле поврзани со дебелината.

Според нови податоци, секое 20-то заболување со карцином во Британија од околи 22.800 нови случаи годишно, е предизвикано од прекумерната тежина.

Природно убиствените клетки или НК клетни се лимфоцити односно подвид на леукоцити или бели крвни клетни клучни во одбраната на организмот од вирусни инфекции, тумори…Тие први реагираат на одредени промени во организмот.