Десетици Дедо Мразовци, со кајаци, весла и суп даски, вчера „пловеа“ по Солунскиот залив, во рамките на традиционалниот „SantaSup“, што четврта година по ред се организира во Солун непосредно пред божиќните и новогодишните празници, јави дописничката на МИА од Атина.

Околу 40 членови на Суп клубот од Солун учествуваа на настанот, а тргнаа од објектите на клубот, ја поминаа плажата и веслаа се до плоштадот Аристотелис.

Средствата од „SantaSup“ се наменети за здружение што им помага на лица со аутизам.