Рускиот претседател Владимир Путин, кој инаку е заколнат спортист, обожува сланина. И токму таков подарок доби од својот белоруски колега Александар Лукашенко за Нова Година. Тоа стана јасно од интервјуто на прес-секретарката на Лукашенко, Наталија Ејзмот, за телевизискиот канал Белорусија 1.
На телевизија беа емитувани кадри, на кои се гледа како белоруски претседател му ги покажува вреќите со компири на својот руски колега, кои му ги донел за подарок.
-Можам да кажам дека Александар Григориевич не му подари само компири на Владимир Владимирович. Всушност, колку што знам, претседателот на Русија многу сака добра сланина. И Александар Григориевич, знаејќи за тоа, уште на претходната посета донесе и сланина. Највкусната, се разбира, избрана белоруска сланина беше подарена “, објаснува Ејзмонт.
Според неа, компирите биле донесени по специјална порачка, бидејќи „најверојатно на шега Александар Григориевич го прашал Владимир Владимирович што сака да добие од претседателот на Белорусија, од нашата земја, а одговорот бил: „Но, што може да се побара од Белорусија ? Компири или сланина”.
Во Москва пристигнале четири вреќи компири од различни сорти.
-Некои се за печење, други за компир- палачинки, други за пире, за помфрит и за варење. Таму сè е опишано, вели секретарката за печат.
Првично претседателската администрација во Белорусија размислува за подарок да бидат испратени новогодишни играчки рачна изработка. Подароците Лукашенко му ги врачил на Путин на неформалната средба во Санкт Петербург на 6 декември.