Носачот на авиони на британската кралска морнарица „ХМС Принцот од Велс“ полека се врати во базата откако имаше дефект во близина на островот Вајт на југот на Англија, јави ДПА.
Воениот брод минатата сабота ја напушти поморската база Портсмут, на јужниот брег на Англија, и се упати кон САД на дипломатски посети и воени вежби, вклучително и пробни летови на борбениот авион „F-35B Lightning“.
Морнарицата во петокот соопшти дека втор носач на авиони, адмиралскиот брод „ХМС Кралицата Елизабета“,следната недела ќе отплови за САД за да ги преземе должностите на „ХМС Принцот од Велс“.
Набргу откако „Принцот од Велс“ минатата сабота изплови од Портсмут откриен беше механички дефект.
Полетувањето на бродот тежок 65.000 тони веќе беше одложен ден претходно поради технички проблем, но беше донесена одлука да исплови.
Носачот на авиони во понеделникот полека се врати во заливот Стоукс, јужно од градот Госпорт, пловејќи со брзина од четири јазли, или нешто помалку од 7,5 километри на час, а шлеперите го следеа.
Нуркачите на британската морнарица го испитале бродот и откриле дефект во вратилото на пропелерот. Оската се состои од челични прачки, меѓусебно поврзани со квачила, од кои едната се скршило. Се верува дека дефектот е од механичка природа, а не на недоволно подмачкување на спојката.
„ХМС Принцот од Велс“ вчера попладне го напушти заливот Стоукс, придружуван од три влекачи, и се врати во поморската база Портсмут користејќи само еден пропелер.
Бродот ќе ги истовари опремата и екипажот и ќе остане во пристаништето за натамошна проверка пред да биде испратен на поправка во ремонтно бордоградилиште, веројатно во Росит, Шкотска, каде што беше и изграден.