Дел од жителите на Батинци, кои живеат на улица „9“, денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето.
Како што соопшти Дежурно-информативниот центар на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на улицата „9“ бр.50 во Батинци. Корисниците ќе останат без вода се до санирање на дефектот.