Нова голема победа за македонскиот херој Дејан Георгиевски на „Финалното Гранпри“ во Саудиска Арабија.
Македонскиот теквондист по неверојатната победа над светскиот вецешампион Мартинез од Шпанија во првото коло, во второто се сретна со првиот носител на овој турнир, Икарио од Бразил, против кого одново покажа класа и квалитет и со доминација во двете рунди се избори за пласман во полуфиналето (2-0 во рунди, 9-5; 6-0).
Турнирот во Саудиска Арабија се смета за втор најпрестижен теквондо турнир во сезоната, по Светкото првенство, во кој настапуваат само најдобрите натпреварувачи во светот и тоа со лична покана.