Администрацијата на Бајден и Харис плаќа за да прикаже претстава која го прикажува Бог како бисексуалец, остро го критикува поранешниот американски претседател Роналд Реган и ги прикажува комунистите во позитивно светло, сето тоа во обид да ги поттикне правата на хомосексуалците во Југоисточна Европа, покажуваат федералните записи за грантови, објави порталот Дејли Колер во написот со наслов: „Стејт департментот плаќа за игра каде Бог е бисексуалец, а комунистите се добри во обидот да ги туркаат правата на ЛГБТ во странство“, а под него е поместена фотографијата од Ентони Блинкен, државниот секретар на САД, пренесува Слободен печат.
Според написот, претходно во септември, Стејт департментот дал зелено светло за финансирање на прикажување на претставата на Тони Кушнер од 1991 година „Ангели во Америка: Геј фантазија на национални теми“ во Македонија, при што агенцијата тврди дека продукцијата ќе ја подигне свеста за „ЛГБТК+ прашањата“ во земјата, открива евиденцијата за федерални грантови.
Стејт департментот ќе одвои 20.000 долари за поставување на претставата во Македонија, според евиденцијата на грантот. Дополнителни 10.500 долари во нефедерално финансирање се исто така доделени за продукцијата, пишува порталот.
Целиот текст на Слободен печат на следниот линк