Францускиот учител кој вчера беше обезглавен од страна на 18 годишен терорист, заради покажување на карикатура од пророкот Мухамед на час, идентификуван е како Самуел Пати, пренесува Дејли Мејл.
Пати (47) примал закани откако десетина дена пред настанот отворил дискусија околу карикатурата на Мухамед на тема слобода на говор и изразување. Него во предградието на Париз го убил Абулах А. од Чеченија, отсекувајќи му ја главата викајќи Алах акбар за време на нападот.
Пати на час ја покажал карикатурата на Мухамед, од Шарли Ебдо, која беше за причина за терористички напад во кој беа убиени 12 луѓе. Пред да почне часот на кој ги покажал карикатурите наставникот ги повикал муслиманските деца да го напуштат часот, а како не би биле навредени од материјалот. Сепак еден ученик останал и им пренел на родителите кои својот гнев јавно го манифестирале со барање учителот да биде сменет. Сепак изгледа гневот кулминираше со убиството на учителот.