Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе го претстави новиот огромен воен буџет, што ќе вклучува шест трилиони долари за воени трошоци за следната фискална година, сума што ќе ги донесе федералните трошоци на нивоа што не се забележени од Втората светска војна, наведува весникот „Дејли мејл“.
Со овој буџет, САД ќе продолжат и натаму да имаат фискален дефицит од над трилион американски долари, ниво што веќе го достигна предвидениот годишен дефицит од 1,3 трилиона долари од почетокот на пандемијата, наспроти усвоените и предложените федерални програми.
Нивоата на трошоци и натаму ќе имаат нагорна траекторија, достигнувајќи 8,2 трилиони долари на крајот од деценијата, се гледа од деталните податоци протечени од врвот на власта а до кои дошол весникот „Њујорк Тајмс“.
Буџетот е првата шанса Бајден да остави своја трага во владеењето. Планот одразува некои од предлозите што веќе ги имаше дадено, вклучувајќи ја големата инфраструктурна програма од 2,3 трилиона долари, која сега сака да ја скрати на 1,7 трилиона долари, во обид да обезбеди поддршка во Сенатот.
Големиот поттик во трошењето и континуираниот дефицит сигурно ќе го привлече вниманието на републиканската опозиција, иако дефицитот расте секоја година, како шта, исто така, беше и за време на пандемијата под палката на Доналд Трамп.
Буџетот е едноставно план за кој ќе треба да гласаат двата дома на Конгресот и ќе ги обликува предлог-законите што Конгресот и Сенатот се обидуваат да ги усвојат за да се реализираат програмите.
Според гледиштето на „Тајмс“ за буџетот, предлогот на Бајден за зголемување на даноците за луѓето со повисоки приходи од 2030 година ќе почне да го намалува дефицитот, по што тој ќе стане целосно ефективен.
Администрацијата предвидува во 2022 година да има дефицит од 1,8 трилиона долари, на одгласите за нов економски скок и серијата предлози за ублажување на коронавирусот што беа прифатени.
Предложениот буџет на Трамп за 2021 година изнесуваше 4,8 трилиони долари.