Дејвид Бекам во моментов е посветен на квалитетно дружење со своето семејство во Лос Анџелес, а таквата форма на поминување на времето бара да се извршат и некои од татковските должности.
Меѓутоа, некои не му се допаднаа, како што може да се види на фотографиите кои ги сподели на неговиот Инстаграм.
Имено, Дејвид добил барање од неговата 7-годишна ќерка, Харпер, кое го разочарало.
Харпер побарала татко и да ја скрати косата. Иако бил навикнат на прекрасната долга коса на неговата миленичка, немал срце да ја одбие својата ќерка.
На фотографијата, Харпер, очигледно возбудена, ја чека промената, но нејзиниот татко не можел да ја сокрие тагата.
– Некој е среќен,а некој не е среќен. Но, не мислев дека е можно оваа мала да биде поубава отколку што е сега, напиша Дејвид во опишувањето на фотографијата што ја сподели на Инстаграм.