Иако покојниот уметник Дејвид Боуви патувал доста често во најновата книга „The Man Who Fell to Earth“ се открива дека во текот на својот живот славниот музичар имал неверојатен страв од летање.
И синот на легендарниот музичар на Твитер потврди дека неговиот татко воопшто не сакал авиони, поточно ги презирал.
„Имаше ужасен страв од летање. Се сеќавам дека додека седев до него, колената толку му се тресеа па ги ставаше рацете на седиштето пред него при полетување. Сепак, никогаш не дозволи тој страв да му застане на патот. Патуваше низ цел свет поради работата и уживањето“, вели Данкан Џонс.
Оваа објава на Данкан ги поттикна и другите корисници на Твитер, но и фановите на покојниот пејач да се поистоветат со него и да ги споделат своите искуства и фобии од летање.