Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис, ги сумираше впечатоците по вториот натпревар од серијата од првото коло во НБА плејофот против Феникс санс. Лејкерс победи на гостински терен со 109:102 и изедначи на 1-1.
Токму Дејвис ја презеде вината за поразот на меч.
Ноќеска тој постигна 34 поени, 10 скока и седум асистенции.
– Мораше да победиме во вториот натпревар. Сите во тимот беа свесни за тоа. На крајот успеавме да ја завршиме нашата работа и да ја постигнеме целта. Треба да работиме за подобро да ја контролираме играта и да го одржиме водството, но покажавме дека ќе продолжиме да се бориме во секоја ситуација, изјави Дејвис.
Покрај овој натпревар, ноќеска Бруклин го совлада Бостон со 130:108, додека Далас беше поуспешен од ЛА клиперс со 127:121.