Дел БИГТРИ, популарен водител во САД

Фармацевтското лоби е најмоќното лоби во светот. Тоа ја купува политиката. За секој долар што нафтената и гасната индустрија го трошат за лобирање кај политичарите, фармацевтската индустрија троши двојно повеќе. Покрај тоа, таа е најголемиот огласувач на телевизија.

Обично меѓу 50 до 70% од целокупното телевизиско рекламирање доаѓа од фармацевтската индустрија.

И затоа, без разлика дали станува збор за криминалистичка серија, медицинска серија, комедија, ситком или дневна ток-шоу емисија — сето тоа е таму за да ве поттикне да купувате производи. А кога фармацевтската индустрија финансира 50 до 70% од рекламите, тоа значи дека има мнозинско влијание врз содржината што се емитува. Таа практично може да одлучи дали ѝ се допаѓа одредена содржина или не, бидејќи со повлекување на финансирањето, емисијата не може да продолжи.

Истото важи и за вестите. Кога ги гледате вестите, обрнете внимание на рекламите. Пребројте ги. Ако има три реклами во еден блок, колку од нив се од фармацевтски компании? Ако тие го држат мнозинството од рекламниот простор, водителот на вестите не може да објави ниту една приказна што ќе ја прикаже таа индустрија во лошо светло. Ниту еден новинар не може да направи прилог што би ѝ наштетил на индустријата.

Затоа никогаш нема да ја слушнете оваа приказна на телевизија. Водителите на вести се, практично, финансирани од фармацевтската индустрија.