Корисниците лоцирани на улиците „Иван Аговски“ и „Гиго Михајловски“ во населбата Карпош 2 утре, од 10 часот ќе останат без вода.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на крстосницата меѓу овие две улици.
Жителите ќе бидат без вода се до отстранување на дефектот.