Делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Македонија не коментира внатрешни дискусии во врска со исходот од лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но додека дека се јасни заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година кои се однесуваат на интеграцијата на земјата во Унијата.

Советот заклучи, потсетуваат од Делегацијата на ЕУ, дека ќе се свика уште една меѓувладина конференција, без дополнителни одложувања и дополнителна политичка одлука, штом Македонија ќе ја спроведе својата заложба и ќе ги заврши уставни измени.