Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ што утре, на Илинден, ќе присуствува во Крушево ќе биде предводена од потпретседателот на партијата Александар Николоски. Делегацијата во 11:30 часот ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев (комплекс „Македониум“), во 12:15 часот ќе положи цвеќе на споменикот на месноста „Слива“ и во 13:15 часот ќе биде дадена изјава за медиуми на месноста Мечкин Камен.
Делегацијата нема да биде дел од активностите на Пендаровски во утрешниот празник.
Партиската делегација во Скопје, пак, ќе ја предводи потпретседателот Владо Мисајловски. На Пелинце во меморијалниот центар „АСНОМ“, делегацијата ќе ја предводи пратеникот Бране Петрушевски.
Партискиот лидер Христијан Мицкоски ќе биде присутен во струшкото село Ташмаруништа во 11 часот и како што се наведува во партиското соопштение, таму ќе одржи говор.