Меѓународната консултантска компанија „Делоит“ ги сумираше финансиските резултати од сезоната 2019/20 во светскиот фудбал. Најголем приход е забележан во Барселона (715,1 милиони евра).
На второ место е Реал Мадрид (714,9 милиони евра), на трето – Баерн Минхен (634,1 милиони евра).
Во ТОП 10 на оваа листа се и: Манчестер Јунајтед 580,4; Ливерпул 558,6; Манчестер сити 549,2; ПСЖ 540,6; Челзи 469,7; Тотенхем 445,7 и Јувентус 397,9.
Сите екипи имаа помал приход во споредба со сезоната 2018/19. Ова се должи на пандемијата со коронавирус и забраната за присуство на публика на натпреварите.