ТВ 21 објави дека во скопското село Крушопек, според нивни неофицијални извори, е запленет е околу еден тон. Но, набрзо излезе дека бил запленет еден килограм од таа дрога. Првичните информации велат дека пратката прво стигнала од Америка во Бар, Црна гора, а потоа требало да се транспортира во Копер, Словенија.
Во полициска акција во Крушопек, кај семејство кое формално се занимава со трговија на банани најден е околу еден килограм кокаин, а не еден тон. Еден тон кокаин е запленет во Италија, а се претпоставува дека луѓето до Крушопек се дел од таа дилерска група.