Ве известуваме дека платите за месец април 2026 година за сите вработени во Пошта на Република Македонија ќе бидат исплатени најдоцна во текот на утрешниот ден, 18.05.2026 година.

Еднодневното доцнење во реализацијата на исплатата, имајќи предвид дека редовниот рок беше 15.05.2026 година (петок), е резултат на административни пречки, отсуства од здравствени причини и слични оперативни околности.

Станува збор за техничко и административно прашање кое нема потреба да се политизира или да се користи за собирање политички поени.

Им благодариме на сите колеги и граѓани за разбирањето и трпението.