ДЕМАНТ: УЈП ниту во овој случај нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат долг

/ 21.01.2024

Го покануваме Наум Стоилковски и му стоиме на располагање, преку нашата Даночна академија, да му дадеме бесплатна едукација за основните даночни поими и процеси. На прес конференцијата, Стоилковски изнесе паушални, невистинити искази дека е извршен поврат на ДДВ, без основни познавања на даночните поми и процеси. Во таа насока посочуваме и дека овие фирми не се во делот со нафтената афера.

Повторуваме, дека УЈП нема извршен поврат кај даночните обврзници за кои зборуваше портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ , Наум Стоилковски.

Во врска со денешниот случај за кои зборуваа од ВМРО – ДПМНЕ, напоменуваме дека, даночниот обврзник имал аконтативни даночни побарувања од 110.384.303,00 денари, и за наведениот износ Управата за јавни приходи нема извршено никаков поврат, ниту е извршено пребивање со други даночни долгови. Правото на одбивка на претходен данок е искажано како даночно побарување во даночните пријави. Со контролата кај даночните обврзници, истото не е признаено, за што е задолжен даночниот обврзник со ДДВ и дополнително утврден ДДВ поради недоставена документација за оправданоста на искажаните аконтативни побарувања. И за овој даночен обврзник како и за вчерашниот, УЈП ја извести Управата за финансиска полиција за преземање на понатамошни постапки.

Ниту во вчерашниот случај што го наведува Стоилковски, не станува збор за реализиран поврат на ДДВ. И во овој случај, даночниот обврзник има поднесени даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди,(а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста) Вкупно побарување за аконтативните пријави се во износ од 32.944.089 денари, за што Управата за јавни приходи нема извршено поврат и не е извршено пребивање со други даночни долгови. Правото на одбивка на претходен данок е искажано како даночно побарување во даночните пријави. Со контролата кај даночните обврзници, истото не е признаено, за што е задолжен даночниот обврзник со ДДВ и дополнително утврден ДДВ, поради недоставена документација за оправданоста на искажаните аконтативни побарувања.

Уште еднаш ја потсетуваме јавноста дека кон фирмите не е извршен поврат, туку фирмите за кои зборуваат од ВМРО – ДПМНЕ имаат даночен долг за кои по констатираните состојби и прибавените докази од извршените контроли, заедно со целокупната документација се доставени до Управата за финансиска полиција за понатамошно постапување согласно нивните законски надлежности. Исто така побарани се и податоци за патни исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен.

Јавноста треба да биде целосно информирана, граѓаните не треба да се доведуваат во заблуда. Апелираме ВМРО – ДПМНЕ да се воздржи од ширење на лаги и шпекулации,се наведува во демантот на УЈП.


Од истата категорија