Демократите во Сенатот на САД побараа класифициран брифинг за да бидат известени дали американското разузнавање знаеле нешто однапред за плановите на Саудиска Арабија за киднапирање на коментаторот на Вашингтон пост, Џамал Хашоги.

Во писмо испратено до директорот на американската национална разузнавачка служба, Дан Коутс, осум сенатори посочуваат дека американските служби морале да го известат Хашоги ако знаеле за такви намери.

Во документот тие додаваат дека Вашингтон пост објавил дека американската разузнавачка служба пресретналa разговори во кои бил разгледуван план за апсење на Хашоги.

На 2 октомври, Хашоги беше убиен од саудиски агенти во саудискиот Конзулат во Истанбул.

Американскиот Стејт департмент објави дека САД немале претходни информации за какви било планови за киднапирање на Хашоги.