Демократскиот сојуз соопшти е прва партија која пред седум години предложи минимaлна плата од 300 евра и минимална пензија од 200 евра.

Нагласуваат дека во парламентот имаше расправа, но не и согласност да се определи минимална плата и покрај тоа што тоа е пракса во ЕУ.

Демократскиот сојуз предлага да се определи минимална пензија од 300 евра и да се дефинира методологија за раст и усогласување на пензиите.

Предлагаме Владата да ги разгледа сите аспекти на оправданите реакции и протести на пензионерите, најитно да ја дефинира минималната пензија и да направи усогласување на пензиите со реалното зголемување на цените, растот на платите и инфлацијата, велат од партијата на Павле Трајанов.