Лидерот на опозицијата во Венецуела, Хуан Гуаидо ги повика приврзаниците за денеска на големи демонстрации засилувајќи го со тоа притисокот врз претседателот Николас Мадуро да поднесе оставка.
– Ќе се видиме со тебе на улиците утре, Венецуела. Ние се справуваме добро, многу добро, објави тој видео порака синоќа на Твитер.
Гуаидо одби предлог на претседателите на Мексико и на Уругвај да преговараат со Мадуро. Тој ги повика да ја поддржат борбата на опозицијата.
Потпретседателот на САД, Мајк Пенс изјави вчера на Флорида дека времето за дијалог е изминато и сите опции се на маса.
Вашингтон го призна Гуаидо за легитимен претседател. Дел од државите членки на ЕУ се очекува да го признаат за претседател во идната недела.
Мадуро исто така повика денеска на демонстрации за поддршка на владата.